Со поставувањето на изложбата „Сто години струмичка ликовна уметност“ од дела на ликовни уметници од Струмица кои твореле во минатото и оставиле траен белег во ликовната култура, синоќа, беше отворена новата Градска уметничка галерија лоцирана во дел од скривницата на плоштадот која порано се користеше за регистрација на бракови.
Градоначалникот Коста Јаневски во својот говор го потенцираше задоволството од реализацијата на овој проект, истакнувајќи дека Општина Струмица направи огромен исчекор за доброто на струмичките ликовни творци од градот и општината, но и за оние кои се љубители на нивното творештво, не само од Струмица, туку и за сите добронамерници од земјава и странство.