Пред шест години се одржа премиерата на претставата на МНТ ,,Кец на десетка,,. Досега е одиграна седумдесет и два пати и ја имаат видено над 20 000 гледачи. Таа е најдолготрајна активна театарска претстава од домашен автор во Македонија и една од најдолготрајните воопшто.
И покрај толку поминато време, продолжува со несмален интензитет да ги полни салите, да ги освојува срцата на гледачите и да ја демонстрира театарската магија.
Честитки до актерите Тања, Александар, Нина и Ивица кои си ја сакаат, уживаат заедно со гледачите и не престануваат да и додаваат убавина, честитки до целата екипа со песната од претставата!