Согласно програмата за „крпење“ на ударни дупки за 2017 г., денес привршуваат работите за санација на ударни дупки на неколку делови од градот. Според информацијата од Одделението за комунални работи при Општина Струмица, во текот на денешниот ден се изведуваат завршните работи за „крпење“ на ударните дупки во централното градско подрачје, и тоа на булеварот „Ленинова“, кружниот тек кој ги поврзува булеварот „Гоце Делчев“ и улуцата „Младинска„ , кружниот тек кој ги поврзува улицата „Крушевска Република“ со улицата „Маршал Тито“, како и делници од улицата „Крушевска Република“. Во завршна фаза е и санацијата на ударните дупки на периферијата на градот, и тоа на улицата „Ристоман Попчевски“ што води кон спојот со улицата „Бетовенова„, како и на „Просенички пат“ и на други локации. Од Одделението за комунални работи апелираат до граѓаните за трпение и разбирање за оние ударни дупки кои не се опфатени со споменатата Програма, и информираат дека истите ќе бидат санирани во наредниот период.
САНИРАЊЕТО НА УДАРНИТЕ ДУПКИ ВО СТРУМИЦА ВО ЗАВРШНА ФАЗА!
![](https://strumicadenes.mk/wp-content/uploads/2018/04/Strumica_X_18.jpg)
ЕУРО ДИСТРИБУЦИЈА-СТРУМИЦА ВРАБОТУВА ШОФЕР СО ПОЛОЖЕНА Ц КАТЕГОРИЈА!
Еуро Дистрибуција – Струмица има потреба од шофер со положена Ц категорија! Телефон за информации и пријавување: 070 748 399
ОГРАЖДЕН-МИКРОМИКС ВРАБОТУВА ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ ЗА РАБОТА ВО СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ!
ОГРАЖДЕН-МИКРОМИКС ДООЕЛ вработува ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ за работа во сметководство и финансии. Потребни се следниве квалификации: - ЗАВРШЕНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ -…
Денес се празнува Чудата на светиот Архангел Гавриил
Овој голем Божји Архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и…