strumica denes logo

РОБОТ СТАНА ДИРЕКТОР НА ПРИВАТНО УЧИЛИШТЕ ВО АНГЛИЈА – ВОЗМОЖНО ЛИ Е ЕДЕН ДЕН ТОА ДА СЕ СЛУЧИ И ВО МАКЕДОНИЈА?

Автор:

Датум:

октомври 20, 2023

Автор:

Датум:

октомври 20, 2023

Приватното училиште „Котсмор“ во Западен Сасекс, Англија за нов директор назначи робот со вештачка интелигенција. Менаџментот на училиштето работеше со развивач на вештачка интелигенција за да го создаде роботот по име Абигејл Бејли, за поддршка на веќе постоечкиот директор на училиштето, пишува британски „Телеграф“.

Том Роџерсон, директор на „Котсмор“, вели дека ќе го користи роботот за да му даде совети за прашања кои се движат од тоа како да ги поддржи колегите од персоналот до помагање на учениците со АДХД и пишувањето на училишни политики.

Технологијата работи на сличен начин како „Четџипити“, онлајн услугата со вештачка интелигенција каде што корисниците пишуваат прашања, а на нив одговараат алгоритмите на четботот.

„Тоа не значи дека никогаш нема да бараме совет од луѓе. Едноставно е многу смирувачко да се знае дека не треба никого да повикате, да му пречите, не мора да чекате наоколу за одговор. Да се биде водач на училиште, директор, е многу осамена работа. Секако дека имаме групи на главни наставници… но, само да имате некој или нешто на дофат што може да ви помогне во ова осамено место е многу смирувачко“, вели Том.

Назначувањето на робот со вештачка интелигенција за директор на училиштето, доаѓа откако Котсмор стана првото училиште во земјата кое на почетокот на оваа година почна да бара раководител за вештачка интелигенција, да помогне во вградувањето на технологијата во наставната програма и да ги советува наставниците да го намалат обемот на работа.

Учениците во училиштето, исто така, добија свои роботи со вештачка интелигенција за да им помогнат да ги разберат нивните индивидуални стилови на учење.