ЗА ПОВЕЌЕ РЕЦЕПТИ ЗАСЛЕДЕ ГО ИНСТАГРАМ ПРОФИЛОТ @brzi.i.vkusni.recepti
Потребни состојки:
– модри патлиџани 🍆
– мелено месо
– кромид 🧅
– лук 🧄
– морков 🥕
– кашкавал 🧀
– доматен сос 🥫
– зачини: сол, црн пипер, чили, оригано, сув босилек🧂
Начин на подготовка:
🍆 Модрите патлиџани сечете ги на половина и направете резови. Потоа ставете ги во плех, на хартија за печење со малку масло, сол и црн пипер и печете ги 250 степени 20тина минути.
🔪 Во меѓувреме, насечете ги кромидот, лукот и морковот.
🥘 На тава во загреано масло испржете го месото со сечканиот зеленчук. Кога ќе бидат готови, додадете сол, црн пипер, чили, босилек, оригано и доматен сос и промешајте да се соединат. Оставете неколку минутки нека се крчка на тихо.
🍆 Извадете ги модрите патлиџани од рерна и со вилушка нагмечете го средниот дел да се направи вдлабнатина и пополнете ја со меленото месо.
🧀 Одозгора ставете рендан кашкавал.
🕒 Печете уште 15тина минути и уживајте. 👌
Видео:
View this post on Instagram