strumica denes logo

РЕКОРДНА ПОСЕТЕНОСТ НА СПЕКТАКЛОТ СО СЕВЕРИНА ВО МЕГА ШОПИНГ ПАРК!

Автор:

Датум:

мај 31, 2026

Автор:

Датум:

мај 31, 2026

Третиот ден од свеченото отворање на МЕГА Шопинг Парк вчеравечер во Гевгелија донесе рекордна посетеност и незапаметен интерес во целиот регион. Повеќе од 25.000 граѓани од земјава и соседството го преплавија новиот трговски комплекс, потврдувајќи го неговиот статус на водечка регионална дестинација, а главна атракција на вечерта беше долгоочекуваниот концерт на поп-ѕвездата Северина.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Вечерната програма започна со одлична енергија и настап на познатиот шоумен Жаре Бербер, кој максимално ја загреа атмосферата на сцената. Кулминацијата се случи со излегувањето на Северина, која со својата препознатлива харизма, моќна изведба и низа вонвременски хитови приреди концерт за паметење, исполнувајќи го капацитетот на МЕГА Шопинг Парк до последното место.

Додека вечерните часови беа резервирани за големиот музички настан, дневната програма понуди богати содржини за сите генерации. Најмладите посетители уживаа во настапите на интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“, детската претстава „Super Music Talent Show“, парадата со маскоти и возбудливото тркало на среќата. Посебен впечаток и силен локален печат остави настапот на школата за тапани при Пионерскиот дом Гевгелија, кои со својот извонреден талент беа вистинско освежување на сцената.

На површина од над 20.000 квадратни метри, МЕГА Шопинг Парк уште во првите денови ја демонстрираше својата позиција како најголем и најмодерен проект од ваков тип во регионот, привлекувајќи илјадници купувачи во внимателно конципираните продажни зони. Во импресивната Fashion зона на 12.000 квадратни метри се сместени: New Yorker, LC Waikiki, Sinsay, Sport Reality, Intersport, Koton, Sara Fashion, Фан Ди Каро, Bonatti, Duki Daso, My Time, Optika Sfera, Mix Box и Naya. Понудата продолжува со специјализираната Home Decor и DIY зона на 5.000 квадратни метри преку реномираните Jysk, Pepco, Sara Home, Comodita, Home+ и Office Plus.

Трговскиот дел е заокружен со капацитетите на Сетек, Тинекс, Зегин, ДМ, Жан Митрев, Skin Clinic и уникатниот концепт NEST 24/7, како и најголемата забавна зона во регионот, Bo Bowling & Gaming Arcade која се простира на 2.500 квадратни метри. Посебен дел од искуството беше зоната Gourmet Avenue со брендовите KFC, Baking Bread, Gyro House, Wall Street и Velvet Bar & Kitchen. Како предводник на модерните трендови и одржливоста, паркот го стави на располагање и својот Smart & Eco сегмент со 12 брзи полначи за електрични возила, со што се поставуваат нови европски стандарди во работењето.

Овој грандиозен успех на отворањето е потврда дека МЕГА Шопинг Парк не е само локално место за пазарување, туку дестинација со регионален формат која во иднина ќе ја позиционира Гевгелија како централна фокусна точка за квалитетно поминато време и врвна забава на Балканот.