Реакција на општина Струмица на објавата од Александар Донев (ВИДИ ЛИНК)
Општина Струмица:
Снежните врнежи не ги изненадија службите на Општина Струмица, тие, навремено реагираа и во најкус временски рок беа проодни сите локални патишта и улици. Што се однесува до ударните дупки, односно, отворањето и продлабочувањето на истите, е последица на мразот и овој процес е неминовен во овој период од годината во секоја Општина, а не само во Струмица. Согласно планираните активности за овој период од годината, Општина Струмица е подготвена за санација на истите и штом ќе дозволат временските услови, ќе бидат санирани со ладна постапка. Кога асфалтните бази во државата ќе започнат со работа, крпењето на ударните дупки ќе продолжи со асфалт, согласно планот за реализација на активностите за 2019 година. За информација на граѓаните, најкритичните ударни дупки започнаа да се санираат попладнево.