strumica denes logo

Грчки VERO ќе отвори маркет во Струмица до крајот на годината!

Автор:

Датум:

јули 2, 2026

Автор:

Датум:

јули 2, 2026

Струмица ќе добие нов продажен објект на „Веро“, откако грчката компанија Vero Holding SA официјално го потврди продолжувањето на својот инвестициски циклус во регионот.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во интервју за грчкиот медиум OT, претседателот на компанијата, Никос Веропулос, најавил дека до крајот на тековната година е планирано отворање на нова продавница на „Веро“ во Струмица. Истовремено, компанијата планира да започне со реализација и на уште една локација во Македонија, за која, како што посочил, веќе повеќе од две години се чекаат потребните дозволи.

Веропулос истакнал дека групацијата во 2025 година остварила продажба од 206 милиони евра, што претставува раст од 5,7 проценти во однос на претходната година. Според неговите очекувања, годинава прометот повторно ќе надмине 200 милиони евра, додека продажбата би требало да порасне за дополнителни 6 до 7 проценти.

Покрај инвестициите во Македонија, компанијата го проширува своето присуство и во Србија. Веропулос открил дека е купен продажен објект од 4.500 квадратни метри со 120 паркинг места, чие отворање е планирано во 2027 година. Според порталот Retail Serbia, станува збор за објект во Борча, каде моментално работи мегамаркетот „Рода“.

Во моментов, Vero Holding SA располага со 16 продавници во Македонија и 8 во Србија, а најавените инвестиции се дел од стратегијата за натамошно проширување на мрежата на компанијата на двата пазари.