(ФОТО) АЛЕКСАНДАР ДОНЕВ: СНЕГОТ ГИ „ИЗНЕНАДИ“ СЛУЖБИТЕ ВО СТРУМИЦА, ПА ИРОНИЧНОТО ТОПЕЊЕ НА СНЕГОТ ДОНЕСЕ НОВИ „ИЗНЕНАДУВАЊА“ – ДУПКИ НА ПАТИШТАТА!

јануари 30, 2019

АЛЕКСАНДАР ДОНЕВ:

Во текот на јануари снегот повеќе пати “ги изненади” службите на Општина Струмица. Иронично, топењето на снегот за жал донесе нови изненадувања: дупки на патиштата. Водата ја извади песокта и камењата со кои беа привремено пополнети и дупките се појавија проширени. Штетата за граѓаните поради запоставеност на улиците, тротоарите и шахтите е евидентна. Секојдневно добиваме поплаки за отежнат сообраќај во градот и кон населените места со резултат искршени возила или повредени сограѓани. Да потсетиме дека порано, заради политички поени, некој во дупките “садеше цвеќиња”. Останува да ги повикаме службите да ја сфатат сериозноста на овој проблем со кој граѓаните се соочуват секојдневно да излезат на терен и, да ги санират дупките на асфалтот од улиците, разрушените тротоари и отворените шахти.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ