Кина повторно го изненади светот со необично технолошко решение! Во некои јавни тоалети се поставени дигитални екрани што покажуваат колку време лицето поминало внатре.
Целта на оваа иновација е да се намалат гужвите и да се овозможи побрзо користење на тоалетите, особено на места со голем број посетители.
Додека едни сметаат дека ова е паметно решение, други се прашуваат дали технологијата отишла предалеку.
























