Настанот „Македонија забрзува – вовед во новиот почеток“ ќе се одржи во среда, 5 август, со почеток во 19:45 часот, на кошаркарското игралиште во ООУ „Мануш Турновски“ во Ново Село.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во среда ќе престојува во Ново Село, каде што ќе има свое обраќање на големиот народен собир под мотото „Македонија забрзува – вовед во новиот почеток“.
Настанот ќе биде можност граѓаните од Ново Село и струмичкиот регион непосредно да ги слушнат пораките на премиерот а августовскиот собир има дополнително значење и поради присуството на голем број македонци од дијаспората кои летниот период го поминуваат во родниот крај. Организаторите нагласуваат дека македонската дијаспора претставува нераскинлив дел од националното единство и значаен партнер во економскиот, општествениот и меѓународниот развој на државата.
Настанот во Ново Село е замислен како вечер на заедништво, благодарност и оптимизам – благодарност за трудот и поддршката на граѓаните, но и јасна порака дека започнатите промени мора да продолжат со уште поголема енергија, одговорност и посветеност.
Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ново Село упатуваат отворена покана до сите граѓани, членови, активисти, поддржувачи и претставници на дијаспората да присуствуваат на собирот и заеднички да испратат порака на единство и верба во иднината.
„Македонија забрзува – вовед во новиот почеток“ е повеќе од наслов на еден настан. Тоа е порака дека развојот на државата започнува од секоја општина, од секое населено место и од секој човек кој верува дека со работа, чесност и заедништво може да се создаде подобра иднина.





















