strumica denes logo

ПОМАЛКУ ПОЗНАТИ ФАКТИ ЗА МУРТИНО – ИМЕТО НА СЕЛОТО ДОАЃА ОД ИМЕТО НА БЕГОТ „МУРАТ“

Автор:

Датум:

октомври 27, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 27, 2021

Категории:

Струмица

Сместено во струмичкото поле, на само 8 километри од Струмица, се наоѓа селото Муртино. Ова работливо село граничи со 8 други села – Свидовица, Банско, Сачево, Моноспитово, Робово, Еднокуќево, Бајрамбос, Кочули и низ годините го задржува епитетот на село кое никогаш не замира.

Во продолжение, помалку познати факти за селото Муртино:

Првите податоци за селото датираат од турско време

Првобитната местоположба на селото била на ридот кој се наоѓа на Беласица, јужно од сегашната положба на селото. Сегашната местоположба е некогашен чифлик на турскиот бег.

Името на селото доаѓа од името на бегот Мурат

Се верува дека името на селото потекнува од бегот Мурат, кому и му припаѓал чифликот. Според остатоците од записите, бегот бил познат по својата дарежливост и заштитнички настроениот дух кон своите соселани.

Првиот познат населеник на селото е дедо Јове, а неговите денешни наследници се семејството Јовеви

Првиот познат населеник е така наречениот дедо Јове, кој се преселил од мариовските села и дошол во Муртино, бидејќи убил некој познат Турчин и за да не биде убиен се преселил со своето семејство. Тој имал неколку синови од кој најпознатиот се викал Атанас, тој бил кмет на селото и многу богат човек, го помагал Илинденското востание и го криумчарел Гоце Делчев, преку Беласица да оди во Солун. Давал пари и за да се купи оружје и муниција. Сѐ уште има остатоци од ова семејство на Дедо Јове, сега познати како Јовевци, сите живеат во маалото наречено Чифлик.

Село Муртино некогаш беше општина

Почнувајќи од 1996 година, селото станува општина. Во состав на општината влегуваат и селата Моноспитово, Бансκо и Сачево. Општина Муртино постои само 8 години, зошто со новиот закон за територијална поделба, Моноспитово се припојува во Општина Босилово, а Муртино со Бансκо и Сачево се припојуваат во Општина Струмица.

Селото има околу 2.200 жители

Според  пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.209 жители. Се разбира, со засилената миграција, овој број е драстично намален.