strumica denes logo

ПО СТАТУСОТ НА КРУМ ВЕЛКОВ СЕ ИЗЈАСНИЈА КОСТА КОСТАДИНОВ И ЖАН ДРВОШАНОВ ДЕКА И ДВАЈЦАТА СЕ ПРОТИВ РУДНИКОТ!

Автор:

Датум:

септември 14, 2021

Автор:

Датум:

септември 14, 2021

Крум Велков денеска објави фејсбук статус во кој ги повика двајцата кандидати за градоначалници на Струмица Коста Костадинов и Жан Дрвошанов јавно да се изјаснат дали се ЗА или ПРОТИВ рудникот Иловица-Штука. По неговиот статус прв се изјасни Жан Дрвошанов кој напиша дека е ПРОТИВ, а денеска истото го направи и кандидатот на СДСМ Коста Костадинов кој напиша статус дека од самиот почеток е ПРОТИВ. Во продолжение погледнете го статусот на Крум Велков:

МОЛКОТ ЗА РУДНИКОТ Е НЕДОЗВОЛЕН
(…и опасен)

На моето прашање до двајцата кандидати за градоначалници на Струмица од двете најголеми партии, дали се се За или Против рудникот на смртта, вчера во коментар оговори кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Жан Дрвошанов. „Секако против“, напиша. Можам да кажам дека тоа е напредок за таа партија, со оглед на нејзината досегашна позиција во однос на рудникот. Без оглед на тоа што се потребни многу поголеми и официјални гаранции од еден ФБ коментар, ние како Иницијатива го поздравуваме тоа. Но не сме наивни.

Кандидатот на СДСМ, Kostadin Kostadinov засега молчи, иако прашањето му беше поставено пред Дрвошанов. Зошто молчите, господин кандидат? Ако мислите дека овој проблем ќе може повторно да се крие и да се избегне како горлив и лизгав, многу се лажете. Проблемот со рудникот Иловица-Штука е на врвот од острицата на локалната, но и не само локалната јавност и никој нема да може да го избегне, особено не кандидат за градоначалник од владеачката партија. Особено ако таа партија со години се прокламира како противник на рудникот, што и е точно во однос на најголемиот број нејзини приврзеници, па и функционери и раководители. Друга работа е ако некој си има путер на главата.

Игнорирањето на легитимното прашање од нашата Иницијатива, меѓутоа, остава длабоки сомнежи. За тоа придонесуваат и гласините дека локални бизнисмени блиски до власта веќе разработувале шеми на заработка од отворањето на рудникот. (Лиглиња, акл немате и со оган си играте!). Друга гласина е дека кандидатот на СДСМ пред извесно време во Бугарија се сретнал со т.н. нов сопственик на рудникот, Вутов. Точно ли е тоа, господин кандидат? Што сте зборувале? Отидовте самоиницијативно, или ве испрати вашиот политички ментор? Криете ли нешто? Нешто опасно? Што е со гласините за тајна коалиција со другата партија, за отворање на рудникот, преку неутрализирање на незадоволството? Во прилог на тоа одат тврдењата дека Еуромакс има давано пари и лево и десно. (Мошне сомнително е и тоа што нема трет кандидат за градоначалник, мошне мошне, и тоа подгрева и друг тип сомнежи). Се ќе излезе на виделина.

Видете, доколку ваквите шпекулации се покажат точни, наскоро проблемот ќе ескалира во досега невидени размери, не само на локално, туку и на национално ниво. Сите параметри, кои ги докажавме фактографски, покажуваат дека овој рудник е загроза за целата држава, а компанијата Еуроамакс Рисорсис е евидентен дестабилизатор на Југоистокот. Засега, фактичката состојба, и покрај некакви одлуки на Управниот суд, е дека на Еуромакс Рисорис и е одземена концесијата од страна на владата, по нашите долги протести, и особено по блокадата во 2019 г. Тоа стои. Друга фактичка состојба не признаваме, особено не некој да не влече за нос со години. И јас и многу други активисти, сме веќе отруени од проклетиот рудник, ако разбирате, во тек на четири години, и на крај на памет не ни оди да се откажеме. Ако сте не излажале еднаш, вторпат нема да ви успее.

Молкот за рудникот на смртта од страна на претенденти за локална и било која власт е неприфатлив и значи само едно: тој што молчи е ЗА отворање на рудникот и нешто крие. Тој што е ЗА отворање на рудникот е ПРОТИВ нашето здравје, против нашите поколенија и против целокупната наша егзистенција во Котлината. Заради личен профит. Нема да може, ама по ниедна цена, господа. Берете ум за да не се изненадите многу непријатно.

……
ЕДИТ: Должен сум да информирам дека веднаш по оваа објава ме контактираше кандидатот за градоначалник Костадин Костадинов и ме покани на средба, на која го изнесе својот став дека е недвосмислено против изградба на рудникот и дека наскоро и тој и советничката листа од неговата партија јавно и официјално ќе излезат со декларација во таа насока. Го поздравуваме тоа, очекувајќи го најавеното од негова страна. Наш став е дека доколку и двете големи партии на локално ниво (вклучително и од општините Босилово и Ново Село) се против изградбата на рудникот, тогаш може да изградат заеднички (џентлменски) договор во таа насока и конкретно за овој проблем. Ние по потреба би можеле да посредуваме. И на тој начин еднаш засекогаш да расчистиме со егзистенцијалната заканата од рудникот на смртта. Јавниот притисок функционира.