Исплатени се надоместоците за ангажираните во избирачките одбори на територијата што ја покрива Општинската изборна комисија – Струмица.
Средствата им се исплатени на претседателите и членовите на одборите, како и на нивните заменици, за извршените обврски на Локалните избори во октомври 2025 година. Дека исплатата е завршена потврди и струмичкиот градоначалник Петар Јанков. Со ова е подмирен надоместокот што учесниците во спроведувањето на изборниот процес го очекуваа со месеци.





















