Паѓаат цените на огревното дрво – топлата зима им ги сочува парите на граѓаните!

април 15, 2024

Топлата зима директно влијае на падот на потрошувачката на огревно дрво и други видови горива за огрев, забележуваат економските експерти откако на пазарот почна да се забележува значителен пад на цената на огревното дрво.

Како што објаснуваат познавачите, цената на огревното дрво е намалена поради намалената побарувачка, а причината за оваа појава е двојна: топлата зима и замената на печките на дрва со инвертер клими.

„Претходните зими беа долги и студени, што ги натера многумина да се осигураат со огревно дрво за греење. Оваа година, топлата зима резултираше во помалку потреба за огрев, што доведе до пад на побарувачката. Сепак, ова не е единствената причина. Современите технологии и апарати за греење, како инвертер климите, стануваат популарни кај луѓето. Инвертер климите се ефикасни, лесни за користење и им овозможуваат на корисниците да ја контролираат температурата, но и потрошувачката во домот. Затоа, многумина одлучуваат да ги заменат старите печки на дрва со модерни алатки за греење. Оваа промена на навиките на потрошувачите придонесе за падот на цените на огревното дрво“, коментираат експертите.

Во однос на моменталните цени на огревното дрво, тие се пониски за 300 до 800 денари за метар квадратен, во зависност од регионот и од видот на дрвото.

Цените на пелетите се пониски за 2.000 до 3.000 денари, односно пониски за 20 проценти во однос на цените од средината на јануари годинава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ