ОВА Е ГОЛЕМ ЧЕКОР: СТРУМИЦА ДОБИ СПЕЦИЈАЛИЗИРАН ФИТНЕС ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ!

јануари 25, 2020

Во Струмица е отворен првиот специјализиран фитнес центар за лица со попреченост. Тој е дело на Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ и на неговиот партнер Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица и има особена важност за лицата со попреченост. Центарот е отворен во рамките на проектот „И ние постоиме“ преку RELOAD програмата (Регионална програма за локална демократија за Западен Балкан) која е финансирана од ЕУ, а спроведувана од УНДП и поддржан и од општина Струмица со 20 проценти од неговата вкупна вредност.

На отворањето присуствуваше и градоначалникот Коста Јаневски кој поздравувајќи ја иницијативата и поддржувајќи го овој проект, рече дека тој како градоначалник и општина Струмица остануваат пријатели на лицата со попреченост и секогаш ќе ги поддржуваат проектите со чија реализација се подобруваат условите за живот со што се потврдува целта Струмица да стане грижлив град за сите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ