strumica denes logo

Општина Струмица ја одбележи 62 – годишнината од раѓањето на Претседателот Борис Трајковски

Автор:

Датум:

јуни 25, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 25, 2018

Категории:

Струмица

Денес пред споменикот „Македонија“ во струмичкиот градски парк, во организација на Општина Струмица, се одржа чествување по повод 62 – годишнината од раѓањето на вториот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. За животот и делото на Претседателот Трајковски, пригодна реч одржа градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, кој меѓу другото, ги истакна неговите заложби за интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО.
На свеченоста беа доделени награди на авторите на најдобрите творби во чест на Претседателот Трајковски, од традиционалниот конкурс на ЛУБ „Благој Јанков – Мучето“, а беше положено и свежо цвеќе пред споменикот „Македонија“.


Во својот пригоден говор, градоначалникот Јаневски рече:
,,Ретки се тие луѓе кои останале да живеат меѓу луѓето и тогаш кога физички не се меѓу нив. Тоа е тој, човекот кој ги сакаше луѓето, Божјето чедо кое го сакаше Севишниот Господ Бог, сопругот и таткото кој неизмерно ги љубеше своите Вилма, Сара и Стефан, струмичанецот кој ја сакаше својата родна Струмица и Македонецот кој ја сакаше Македонија, кој се гордееше со Македонија и кој веруваше во Македонија. Ете таков беше Борис Трајковски, кој настојуваше да стави знак на равенство помеѓу она што значи ,,човек,, и она што значи ,,Претседател,,. Токму таа човечност и едноставност беа неговите главни белези, па во тој поглед не сакаше воопшто да се менува. За него и граѓаните и селаните, и земјоделците и работниците и неговите соработници и државниците, беа подеднакво – луѓе. За него воопшто не беше важно кој е кој и кој на каква позиција се наоѓа, туку кој е човек во вистинската смисла на зборот. Беше тоа негова доблест по која уште долго ќе го паметиме.”