Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор. Портпаролката Марија Митева информираше дека мерката почнува да важи од денес до 30 септември.
„Целта е да ги намалат трошоците на семејсвата и да го заштиме семејништ буџет. Трговците на големо се задолжуваат цените да ги намалат за 10%, додека трговците на мало да ги намалат од најмалку 15 %. Мерката опфаќа широк спектар на производи за школската година: ранци, ташни, моливи, пенкала, боици, футроли, лепила, украсна хартија, материјали за изработка, практично сѐ што е потребно за школската година“, изјави Митева.
Согласно одлуката трговците се должни да ја покажат и старата цена на приборот.





















