strumica denes logo

ОД НЕДЕЛА ЌЕ ЗАПОЧНЕ ДЕЛЕЊЕТО НА КАНТИ ВО СТРУМИЦА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД!

Автор:

Датум:

март 15, 2023

Автор:

Датум:

март 15, 2023

ОПШТИНА СТРУМИЦА:

Почитувани граѓани,

Општина Струмица во соработка со ЈПКД „Комуналец“, во рамките на проектот „Еко паметни општини“, во недела – 19 март, од 09.00 часот, ќе започне со делење втора канта на домаќинствата, за селекција на отпад (пластика и лименки).

На почетокот ќе бидат опфатени: населбата Карпош и сите улици во потегот од улицата Браќа Миладинови до улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, како и од Булевар Климент Охридски до Булевар Маршал Тито.

Со оваа акција и официјално ќе започне селектирањето отпад во Струмица, кое во наредниот период постепено ќе се прошири и на целата територија на општината.

Кантите се обезбедени од ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица и ќе се делат бесплатно. Се апелира до граѓаните за домаќинско и правилно користење на кантите за селекција на отпад од пластика и лименки. ЈПКД Комуналец ќе го подига овој вид отпад еднаш во неделата, според распоред кој е во фаза на изготвување.