Со големо задоволство ви најавуваме дека на 16-ти декември ќе се отвори првата продавница на Sinsay во Струмица! Дојдете посетете не и погледнете ја неверојатната понуда на производи за целото семејство, како и за вашиот дом со одлични цени.
Sinsay е дел од полската групација LPP SA, водечка европска компанија за облека позната по својата посветеност на квалитет, креативност и одржливост. Во портфолиото на LPP SA се брендовите Sinsay, Reserved, Mohito, Cropp и House. Со разновидното портфолио на брендови постојано се трудиме да поставиме трендови и да донесеме иновативна мода до клиентите. Присутни сме во повеќе од 40 глобални пазари. Во 28 земји имаме физички продавници, а онлајн сме достапни во 34 земји.
Во нашата земја присутни сме со сите брендови и вкупно имаме 28 продавници.
Отворањето на продавницата во Струмица е 19-та продавница на Sinsay во нашата земја, и со нетрпение очекуваме да ја споделиме нашата мода и понуди со вас.
Но, тоа не е сѐ! За да го направиме отворањето уште поспецијално, подготвивме многу активности за сите посетители. Уживајте во музиката на DJ JOVANOVF и откријте уште многу други слатки изненадувања.
Се гледаме на 16-ти декември во Sinsay, Струмица.