Во пресрет на утрешното одбележување на 75 години од погибијата на Белев, Јармов, Костуранов, Пецев и Топчев улицата која поминува низ урбаните блокови 41/1 и 41/2 во новиот урбан дел на Струмица ќе го носат името Петте Струмички Студенти !
Во нивна чест и во нивно сеќавање, во пресрет на денот со табло обележавме дека нашиот мал градски парк го носи името „Петте Струмички Студенти“.
Паметењето не е само поглед кон минатото. Тоа е наша обврска да го зачуваме споменот и да им го пренесеме на идните генерации.
За Петте Струмички Студенти – споменот останува!





















