Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Дебакал на Буџетскиот форум за Костадинов
На првата сесија од Буџетскиот форум, на кој како и секоја година вработените од општинска администрација се задолжително присутни, КАПИТАЛНА ПРОГРАМА ЗА ИЗГРАДБА НА СИСТЕМИ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ, за 2025, доби најмногу гласови и присутните сметаат дека е најпотребна за Струмица.
Со ова се докажа дека во минатото ништо не е инвестирано во однос на изградба и реконструкција на постоечките водоводи.
Уште еден доказ и потврда за НЕСПОСОБНОСТА на Костадинов и неговото менаџирање со проблемите на граѓаните во Струмица.
Општинска администрација со силна и јасна порака до Костадинов да започне да работи во интерес на сите а не само за себе.
Костадинов троши 7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ КОМБИЊА во Струмица а нема чиста вода за пиење.