НАУКАТА Е НАШАТА ИДНИНА: НА 7-8 ОКТОМВРИ ВО СТРУМИЦА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ГЛОБАЛНИОТ ХАКАТОН NASA SPACE APPS CHALLENGE!

септември 14, 2023

На 7-8 октомври во просториите на средното општинско училиште ,,Димитар Влахов” ќе се одржи по втор пат глобалниот хакатон NASA Space Apps Challenge поддржан од страна на вселенската агенција НАСА. Оваа година учесниците се соочуваат со 31 предизвик и најдобрите три иновативни ќе бидат парично наградени.

Локалниот лидер на овој настан Зорица Масникоса-Поп Трајкова и тимот во состав: Јасмина Цамбулева, Костадинка Тушева, Елена Депинова и Елена Трајкова ги повикуваат сите млади таленти да се пријават на овој натпревар и да допринесат за решавање на одредени проблеми поврзани со Земјата. На самиот настан ќе присуствува директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили и ќе има значајна улога во оценувањето на решенијата презентирани од учесниците. Настанот е поддржан од општина Струмица и голем број компании.

Космосот е бесконечен, но Вашите решенија се конечни!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ