Слатките моменти повторно добиваат своја адреса. Чоколатеријата „Астери“ наскоро повторно ги отвора своите врати, овојпат со нов, модерен ентериер и пријатен амбиент за уживање во омилените слатки вкусови.
Во обновениот простор, љубителите на традиционални слатки и чоколадо ќе можат да го пронајдат своето следно слатко задоволство. Новиот изглед ќе ја надополни приказната на „Астери“, создавајќи убаво катче за задоволства и дружење.
Целосната понуда и менито ќе бидат претставени по официјалното отворање.
📍 Локација: веднаш до Општина Струмица, поточно до туристичката агенција „САФАРИ“.
Наскоро повеќе детали за слаткото враќање на „Астери“ во ново руво!
























