strumica denes logo

НА СУДИЈАТА КОЈ МУ НАЈДОА 350 ИЛЈАДИ ЕВРА СОКРИЕНИ ВО ЅИД, ИЗЈАВИ ДЕКА Е НЕВИН И ДЕКА ПАРИТЕ БИЛЕ ЛЕГАЛНО ЗАРАБОТЕНИ!

Автор:

Датум:

мај 29, 2026

Автор:

Датум:

мај 29, 2026

Обвинетиот судија Ристов се изјасни дека „не се чувствува виновен“. Се товари за свесно прикривање на имотната состојба како и за перење пари.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Обвинителката Искра Хаџи-Василева рече-свесно презел дејствија спротивно на одговорноста на која го повикува судската тога. Противправно стекнал и не пријавил 450 просечни плати во ѕид или 350.000 евра. Никогаш тој имот не го пријавил, зашто нема законска основа за нивното потекло.

Според обвинителката, парите завиткани во фолии по банкноти од по 500 и 200 евра водат кон второто дело-перење на пари.

„Овие пари потекнуваат од трговија со влијание, ние ќе го докажеме тоа“, рече обвинителката Хаџи-Василева.

Според адвокатот на одбраната, Звонко Давидовиќ, обвинението е „ѕидовите зборуваат, а доказите молчат“. Целиот случај е по холивудско сценарио каде се користи емотивен наратив кој ја подгрева јавноста.

Најдени се пари во ѕид на туѓа куќа и не постои доказ кој го поврзува со неговата функција. Ќе докажеме со документи дека неговите родители легално го стекнале овој имот, вели Давидовиќ. За второто обвинение, перење пари, одбраната со став – чист сензационализам и претпоставки.

„Доказите кои ќе бидат презентирани се на второ вештачење од Судска медицина“, посочи адвокатот Давидовиќ.

На барање на одбраната беше презакажано и сослушувањето на сведокот на обвинителството. Следното рочиште е закажано на 9-ти јуни.

И двете страни очекуваат фер и транспарентно судење во разумен рок.