На 5 септември 2026 година, во Градскиот парк кај Домот на АРМ, свечено ќе биде откриено спомен-обележје во чест на Џоко Ѓоргиев и во сеќавање на 64-те жртви.
Одбележувањето ќе започне во 17:30 часот со „Марш на сеќавањето“, кој ќе се движи од булеварот „Гоце Делчев“, кај пекарата „Бејкер“, до Градскиот парк.
Главниот настан е закажан за 19:00 часот, кога ќе се одржи музичка програма и свечено ќе биде откриено спомен-обележјето.
Во програмата ќе настапат Летната школа за гитара „Џоко Ѓоргиев“, Благица Калева, Иван Кукиќ, Ивана Василева и Јовче Пандев, како и учесниците во музичкиот проект „За Бато Џоце“.
Организаторите ги покануваат граѓаните со своето присуство да оддадат почит и да го зачуваат споменот на Џоко Ѓоргиев и 64-те ангели.






















