На 16 -ти август, Градскиот парк во Струмица ќе биде центар на електронската музика, кога на една сцена ќе застанат две светски легенди Paul van Dyk и Paul Oakenfold.
Како дел од националната манифестација по повод 35 години независност на Македонија , Струмица ќе биде градот што ќе ги обедини илјадниците љубители на музиката во една незаборавна вечер исполнета со врвна продукција, енергија и атмосфера.
Драги гости од Македонија и регионот, Струмица ве очекува!





















