Полицискиот час го скрати времето и на оние кои секојдневно спортуваат, особено на тие кои во текот на денот работат, а вечерта ја користат за спортување. Но, таков не е случајот со улицата „Мајка Тереза“! Струмичанецот Ване Пантев го знаеме како личност кој секојдневно може да го забележиме по паркот, улиците и планинските патеки заедно со својот тим АК Беласица Ран кои активно спортуваат, а неодамна објави фотографии како со дел од дечињата од неговата зграда, за време на полицискиот час спортуваат, или како што напиша тој:
„И саа шо разберааме, горе доле, горе доле“.
Затоа изговорите не се решение доколку постои желбата!