Од 03 февруари лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе биде во дводневна посета на Швајцарија. Посетата ќе започне во Женева со конференција со задграничните комитети каде ќе се разговара за состојбите во Македонија, статусот на дијаспората и потребата за јакнење на врските со македонските иселеници. Истиот ден ќе се оддржи и трибина во Лозана каде ќе се збори за идните планови за развој на Македонија и потребата за градење на заедништво со дијаспората и промени на актуелните состојби во Македонија. Потоа во градот Пајерн во Швајцарија, ќе се одржи концерт „Најдоброто од Македонија“ во организација на македонското здружение „Пирок“.
Концертот ќе започне со почеток од 20:00 часот. На настанот се очекува да присуствува и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски!
Наредниот ден на 04.02.2024 со почеток од 09:30 ќе има литургија во македонската црква во Тринген, а во 11:00 часот трибина во Тринген.Со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат и потпретседателот Александар Николоски и членот на Извршниот Комитет Драган Ковачки.