Премиерот Христијан Мицкоски порача дека е подготвен да седне на иста маса со бугарскиот претседател Румен Радев само доколку постои можност за постигнување конкретни и ефективни решенија, а не за средби со кои би се губело време.
Тој нагласи дека црвените линии на македонската Влада се јасно утврдени, при што посочи дека мора да се почитуваат и правата на Македонците во Бугарија. Според Мицкоски, за исчекор во односите меѓу двете држави е неопходна добра волја и од официјална Софија.





















