Извршниот директор на Neuralink, Илон Маск, ги објави неверојатните можности за мозочни и други импланти на својата социјална мрежа X.
Мозочниот имплант на компанијата беше предмет на многу интриги и контроверзии во 2019 година, кога беше воведен. Ова исто така важи и за тестирање на овој имплант врз животни. Имплантот е наменет да им помогне на луѓето со парализа да имаат одредено ниво на мобилност.
Првиот човек кој добил таков имплант е 29-годишниот Ноланд Арбо, кој брзо бил обучен да ракува со лаптоп користејќи го само неговиот мозок. Ова ја докажува ефективноста на самиот концепт на мозочни импланти.
Во мај оваа година, Neuralink објави дека бараат уште три лица за да им се вградат. Маск посочи дека имплантот треба да биде вграден на друго лице следната недела и се надева дека ќе има „висока едноцифрена“ бројка до крајот на оваа година. Ова сугерира дека Neuralink можеби го забрзува својот развој.
Тој се осврна и на проблемите со имплантите, како и на нивната иднина. За Маск, веројатно е и инсталирањето на роботски екстремитети, добиени од хуманоидниот робот Optimus развиен од неговата компанија Tesla. Тој верува дека луѓето кои ќе останат без делови од телото ќе имаат поголема слобода, па дури и дека ќе им ги даде супермоќите на киборг (организам подобрен со технологија), пренесува американскиот деловен портал Inc.