Home

Perdormire
Политика Струмица

МАРИЧИЌ: Невработеноста ја намаливме на 14,5 проценти, а до 2027 година ќе ја спуштиме на 11 отсто невработени во нашата земја

Home

Стапката на невработеност која ја намаливме на 14,5 отсто, до 2027 година ќе ја намалиме на 11 отсто невработени во земјата, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на денешниот објаснувачки скрининг состанок за Поглавјето 19, „Вработување и социјална политика“.

Тој во своето воведно излагање кажа дека правична распределба на средствата е основна појдовна точка за социјалната политика на Македонија и ЕУ и дека Владата останува посветена на создавање еднакви можности за сите и зајакнување на социјалниот дијалог.

– Новата Национална стратегија за вработување 2021-2027 година, која е донесена со Акциониот план 2021-2023 година, вклучува политики за развој на економијата и создавање пристојни работни места, инклузивност на политиките на пазарот на труд и подобрување на квалитетот на образовните резултати на сите нивоа. Во вториот квартал од 2022 година, стапката на невработеност се намали на 14,5%, додека целта поставена во Стратегијата е да достигне стапка на невработеност од 11% до 2027 година, рече Маричиќ на скрининг состанокот.