Македонија започна со увоз на работна сила, откако свесно ги избрка работниците!

март 27, 2024

Итни реформи во образовниот систем, во средното стручно и високото образование и продуцирање на соодветна работна рака за компаниите, посочуваат експертите. Ова е во контекст на увозот на работна сила за што стопанствениците велат дека е поради ниската продуктивност и немањето квалификувана работна сила што им е потребна.

Увозот е во угостителството, а прилепската текстилна индустрија доби 9, се очекуваат и уште десет работници од Непал. Се споменува и градежништвото. Во ниската продуктивност не помага ниту заминувањето на младите. Според работодавците, дуалното образование не ги дава потребните кадри на пазарот на трудот.

Потребните документи за да еден работник се донеси од странство чинел од 1.000 до 1.500 евра во завиност од државата, а тука платата им се движела од 450 евра па нагоре со платено сместување.

„Во оној момент кога образовниот прозес, или самата држава, понуди поквалификувана работна сила или поподготвена за да одговори на предизвиците на актуелното стопанство, тогаш нема стопанство кое не би сакало да работи со своите сограѓани, макар и да чинат поскапо“, рече Мариноски.

И експертите го потврдуваат недостигот на соодветни квалификации кај нашите работници, а за да се смени тоа биле потребни реформи на образововниот систем.

Увозот на работна сила во моментов се гледа како на важен фактор за побрзо генерирање поголем бруто-домашен производ и поголем економски раст. Стапката на невработеност во земјава е околу 13 проценти, релативно висока за меѓународните стандарди, а активноста на работната сила е меѓу најниските во Регионот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ