strumica denes logo

МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО СЕ НАЈДЕ НА „CNN TRAVEL“ – ЗЕМЈА БЛАГОСЛОВЕНА ОД СОНЦЕТО!

Автор:

Датум:

април 14, 2026

Автор:

Датум:

април 14, 2026

Повеќето посетители на Европа ги фокусираат своите патувања во Франција, Шпанија и Италија, но импресивниата 44-та земја членка на ОН, од европскиот континент, дефинитивно треба да се истражи…“, ја започнува својата анализа престижниот „CNN Travel“.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Македонија добива нови пофалби од светските медиуми за својата уникатна туристичка понуда. CNN Travel ги истакнува планините, виното и Охрид, како дел од клучните причини за посета.

Покрај Охрид, кој како дел од наследството на УНЕСКО останува главен адут со своето древно езеро и уникатна биодиверзитетна вредност, земјата сè поуспешно ги промовира и останатите содржини. Од културното богатство на Старата скопска чаршија и природната убавина на Матка, па сè до винските патишта и националните паркови, Македонија нуди компактно искуство каде природата и историјата се на дофат на рака, пишува Си-Ен-Ен.

Растот на интересот веќе е потврден и со официјалните бројки: во 2025 година бројот на странски туристи бележи скок од 10,3 отсто, што е јасен сигнал дека земјата повеќе не е само „добро чувана тајна“, туку сериозен конкурент на балканскиот пазар.