Од „Македонија пат“ информираат дека поради изведување асфалтерски работи, патниот правец од споменикот кон селото Раборци до патот за викенд-населбата Раборци ќе биде целосно затворен за сообраќај.
Прекинот ќе започне во 10:00 часот и ќе трае до завршувањето на работите, приближно до 16:00 часот.
Од учесниците во сообраќајот се бара да ја почитуваат поставената сигнализација и навреме да го приспособат своето движење.





















