Најсреќни земји во светот остануваат Финска и Данска и други балтички држави или држави во северна Европа. Меѓу нив, на четвртата позиција се појавува и Израел.
Македонија е најнесреќна земја на Балканот, според новиот Извештај за среќата во светот на Институтот Галуп. На 87-мото место од 137 земји, блиски до нас според степенот на среќата се Венецуела, Конго и Украина на 92. место. Од нашите балкански соседи пак најблиску ни е Албанија на 83. место, Бугарија на 77. место, Босна и Херцеговина на 71. место, Грција на 58-мото, Србија на 45-тото, а Косово на 34-тата позиција.
Извештајот се прави врз основа на разни анкети спроведени во земјите. Земени се предвид шест фактори, меѓу кои Слободата да се прават животни избори, Изгледите да се има здрав живот, Дарежливоста на луѓето, Перцепцијата за корупцијата која ја имаат луѓето, Социјалната поддршка која државата ја обезбедува, Бруто домашниот производ и факторот наречен Дистопија и издржливост.