Македонија на второ место во Европа по бројот на воопшто невакцинирани деца

април 22, 2023

Македонија се наоѓа на врвот по бројот на невакцинирани деца во Европа, покажа новиот глобален извештај на УНИЦЕФ, во кој се опфатени 55 земји од светот, од кои 29 во Европа и централна Азија.

Анализата вели дека перцепцијата на јавноста за важноста од рутинската вакцинација на децата е намалена во земјава од почетокот на пандемијата на ковид-19..

Врз основа на податоци од 2021 година, земјава го дели второто место со Киргистан и Босна и Херцеговина на негативната ранг листа на земји, според бројот на деца со „нула дози“, односно деца кои немаат примено ниту една вакцина.

Овој процент според извештајот изнесува 11 отсто и се однесува на бебињата под една година, што е најнизок во Европа и централна Азија, веднаш по Молдавија.

Во документот и се препорачува на Македонија да ги идентификува сите невакцинирани деца и истите да се имунизираат, особено оние кои пропуштија вакцинации за време на пандемијата на ковид-19.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ