Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Како градоначалник на општина Струмица безрезервно ја поддржувам иницијативата за градење мрежа на згрижувачки семејства и достапни услуги во локалната заедница за сите.
За децата кои останале без соодветна родителска грижа важно е да продолжат да живеат во познато опкружување, онаму од каде потекнуваат, со што ќе ги одржуваат трајните врски со поширокото семејство.
Во знак на нашето вложување и почит кон згрижувачките семејства, јас, како татко на градот, ветувам и објавувам дека општина Струмица ќе обезбеди летен одмор за 2023 година за сите згрижувачки семејства кои ќе се пријават до крајот на оваа тековна годинa.
Со посебно задоволство, вечерва со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Националната Директорка на СОС – Детско село Јулијана Накова Гапо, бевме дел од националната кампања „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“ во Струмица.