КОСТА КОСТАДИНОВ: Струмица ќе стане вистински велосипедски град!

октомври 14, 2021

Коста Костадинов, каднидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ:

Сведоци сме на сé поголемиот сообраќаен метеж во градот, како и високата циркулација на автомобили во централното градско подрачје кои создаваат емисии на штетни гасови во воздухот.

Во рамки на нашата програма предвидуваме реализација на велосипедската патека предвидена со студијата.

Покрај ова, ќе работиме на едукација на возачите за правилно паркирање на нивните автомобили, со цел непречено движење на велосипедистите. Ќе се фокусираме и на промоција на ваквиот алтернативен транспорт кај учениците, затоа што негувањето на навиката за користење на ваков транспорт започнува од мали нозе.

Дополнително, во соработка со организацијата “Europe House”, редовно ќе организираме велосипедски паради за подигнување на свеста и информирање за важноста за користење на велосипеди.

Струмица ќе стане вистински велосипедски град!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ