strumica denes logo

КОСТА КОСТАДИНОВ: МЕРКИ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ВО СТРУМИЦА, ТРЕТМАН НА ЗЕЛЕНИТЕ ПОВРШИНИ И ПАРКОВИ И ЗАФАЌАЊЕ НА АТМОСФЕРСКИТЕ И ОТПАДНИТЕ ВОДИ!

Автор:

Датум:

октомври 8, 2021

Категории:

СДСМ, Струмица

Автор:

Датум:

октомври 8, 2021

Категории:

СДСМ, Струмица

Коста Костадинов, кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ:

Пречистителната станица претставува филтер, срце за населените места кои гравитираа во овој регион и има суштинско значење во одржливиот развој на Општина Струмица. Во регионот на населените места Сачево, Муртино и Градско Балдовци, како и Индустриската зона “Сачево“ со актуелниот развоен план на Општина Струмица предвиден е соодветен систем за третман на овие води.

Поточно, фекалните канализациони системи од овие населени места преку изградба на главен фекален колектор ќе се поврзат со пречистителната станица која е изградена во 2017 година во реонот помеѓу Дабиле и Сачево.

Имаме доминантни цели за Екологијата во нашата општина: Мерки за чист воздух,третман на зелените површини и паркови и зафаќање на атмосферските и отпадните води.

Во Струмица се наоѓа еден од најубавите градски паркови. Покрај овие “бели дробови“ редовно се одржуваат уште голем број помали паркови и уредени јавни површини во градот и сите населени места, за кои имаме јасна цел за понатамошно проширување и уредување.

Со ваков активен пристап и тековна изведба на зацртаните програми фокусирани кон екологијата, во континуитет се внимава за подобрување и унапредување на одржливиот развој во Општина Струмица.

Од срце, за Струмица!❤️