КОСТА КОСТАДИНОВ ДЕНЕСКА ВО ПОСЕТА НА ПРОСЕНИКОВО И НА СРЕДБА СО ПРВАТА Б МЕСНА ОРГАНИЗАЦИЈА!

септември 19, 2021

КОСТА КОСТАДИНОВ:

ПРВА Б МЕСНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Моите сопартијци од прва Б месна организација, луѓе со кои почнав да ги учам темелите на социјал – демократијата, луѓе со кои растев и се надоградував.
Тие ми го покажаа значењето на тоа дека за постигнување на големи работи треба чиста мисла и несебично дејствување.
Моето маало кое е симбол на единството, соработката, братството.

Благодарение на Жарко Палифров, Билјана Иванова, Столе Коциров, Русе Филиповски, Ѓорѓе Врешка, Никола Куклев и многу мои тамошни другари, денеска јас сум кандидат за градоначалник.

Победата е во единството!

ПОСЕТА НА ПРОСЕНИКОВО:

Прекрасна вечер и можност за разговор со сограѓаните од Просениково.

Да, тука секогаш се знаело како и со кого, напред. Убеден сум дека и сега, заедно сме најдоброто.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: