По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, на 27 август во Василево ќе се одржи голем музички концерт.
Настанот, кој жителите на Василево со години го бараа и очекуваа, ќе започне во 21:00 часот пред Домот на културата.
Пред присутните ќе настапат познатите македонски изведувачи Влатко Миладиновски, Златко Миладиновски со својот оркестар и Василија Петрова.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со одлична музика, забава, позитивна енергија и незаборавна атмосфера, упатувајќи покана до сите граѓани да бидат дел од заедничката празнична дружба.
Концертот е дел од програмата на манифестацијата „Културно лето во Василево“.





















