Врз основа на податоците од УХМР и најавените високи температури кои се очекуваат во наредните денови ЈПКД „Комуналец„ Струмица апелира до граѓаните на Град Струмица и населените места за рационално користење на водата за пиење односно да се користи само за хигиенски потреби.
Да избегнуваме полевање на дворови и перење на површини,т.е да не се се троши непотребно. Со рационалното користење на водата за пиење ќе се придонесе за стабилност на системот и континуирано водоснабдување на сите граѓани посебно во жешките денови што е впрочем и наш најголем приоритет.