Депонијата во Доброшинци со години функционира во неодржливи услови, со ограничена механизација, без современ надзор и без системско решение, соопшти директорот на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, Кире Синдраковски.
Тој истакна дека претпријатието веќе презема конкретни мерки за подобрување на состојбата. Најавено е ангажирање дополнителна механизација за целосна санација на депонијата, поставување видеонадзор и воспоставување постојан систем за следење.
Според Синдраковски, загриженоста на граѓаните е оправдана, а депонијата во иднина ќе се управува поодговорно, преку конкретни и видливи активности на терен.





















