strumica denes logo

Ќе се затвораат училиштата во Македонија во кои се намалил бројот на деца!

Автор:

Датум:

јули 23, 2024

Автор:

Датум:

јули 23, 2024

Голем број на училишта особено во руралните средини, се пред затворање и ставање катанец на врата. Заминувањето во странство и намалениот наталитет си го прави своето, па бројот на ученици последните години драстично е намален. Министерката за образвание, Весна Јаневска вели дека училиштата каде се останати по само неколку ученици веќе претставуваат терет за државата, бидејки за нив се плаќаат сметки за греење, струја и интернет.

„Проектот за оптимизација на училишната мрежа во Македонија тече со помош на УНИЦЕФ и во моментот се обновуваат податоците и се прават анализите. Има одредени региони и училишта кои секако не треба да бидат затворени, се наголема одалеченост, планински се, тие ќе си опстојат. Но овие што се на 2 километри едни до други и едното е централно во кое има стотина деца, а во подрачното има две до три деца, греота е децата да не се приклучат на другарите во централното училиште“, изјави Весна Јаневска-министерка за образование.

За децата ќе биде обезбеден превоз и оброк, објаснува Јаневска.

„Тие деца кои се по пет, шест, седум во одредено село и тие се изолирани од останатите свои врсници и се наоѓаат во едно училиште, кое можеби е и реновирано но воглавно се постари. Сведени се сами на себе и своите родители и наставници кои доѓаат да ја направат својата настава но тие немаат информации за надворешиот свет и немаат можност да се социјализираат“, рече Весна Јаневска-министерка за образование.

Секоја година се помал е бројот и за ново запишпани првачиња., На пример во Охрид во новата учебна година се запишани десет првачиња помалку од лани. И според Државниот завод за статистика постои тренд на намалување на бројот на ученици во основните училишта во земјата.Во учебната 2023/2024 година, бројот на ученици бил за 1.6% помал во споредба со претходната година.Според статистика, за една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, додека за пет, 45 училишта.