strumica denes logo

КАТАСТРОФА, НИШТО НЕ ЗНАЕМЕ ДА ЦЕНИМЕ И ПОЧИТУВАМЕ!

Автор:

Датум:

август 20, 2026

Автор:

Датум:

август 20, 2026

Новиот парк е меѓу најубавите простори што градот ги доби во последно време. Место за прошетка, седење, игра на децата и одмор, простор што им припаѓа на сите нас.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

За жал, дел од дрвената облога на седиштата во амфитеатарот е оштетена и извадена, а по тревниците редовно останува расфрлен отпад.

Екипите на Комуналец го одржуваат овој простор секојдневно, но одржувањето само по себе не е доволно. Она што го прави еден парк убав долгорочно е како се однесуваме во него.

Ве замолуваме, отпадот да го фрламе во корпите, а опремата и зеленилото да ги чуваме како свои. Новиот парк е наш заеднички, и од сите нас зависи колку долго ќе изгледа како ново.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ: