strumica denes logo

КАСИНОС АУСТРИА ИНТЕРНАТИОНАЛ МАКЕДОНИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД 6.690.600 ДЕНАРИ РЕКОНСТРУИРАШЕ СПОРТСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ “– ВИНИЦА

Автор:

Датум:

јули 15, 2026

Автор:

Датум:

јули 15, 2026

Касинос Аустриа Интернатионал Македонија инвестира во проекти што оставаат трајна вредност за локалната заедница. Со донација од 6.690.600 денари, компанијата целосно го реконструираше мултифункционалното спортско игралиште во рамките на ООУ „Гоце Делчев“во Виница, создавајќи современ, безбеден и функционален простор за спорт и рекреација.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во рамки на реконструкцијата, дотраената асфалтна подлога беше заменета со современа гумирана тартан подлога, со што значително се подобрија условите за одржување на наставата по физичко образование, како и за спортските активности на учениците и младите од општината.

„Би сакале да изразиме искрена благодарност до Касинос Аустриа Интернатионал Македонија, која како општествено одговорна компанија одговори на нашето барање и овозможи реализација на овој значаен проект. Благодарение на нивната донација, добивме современ и безбеден спортски терен кој ќе биде место каде учениците ќе ги развиваат своите спортски вештини, ќе градат здрави навики и ќе го негуваат спортскиот дух. Овој простор ќе биде од корист не само за училиштето, туку и за младите од целата општина“, изјави директорот на ООУ „Гоце Делчев“ – Виница, Дејан Михајлов.

Општествената одговорност претставува еден од темелите на работењето на Касинос Аустриа Интернатионал Македонија. Со оваа инвестиција, Касинос Аустриа Интернатионал Македонија уште еднаш ја потврдува својата посветеност да создава услови во кои младите ќе растат, ќе спортуваат и ќе ги развиваат своите потенцијали во безбедна и современа средина.