strumica denes logo

Кадетите на Струмица се нови шампиони на Македонија!

Автор:

Датум:

мај 13, 2024

Автор:

Датум:

мај 13, 2024

Кадетите на ОК Струмица се новите шампиони на Македонија. Вчера во салата „Парк“ во Струмица се одржа финалниот турнир од државното првенство на кое се одиграа натпреварите за пласман од прво до четврто место во кои домаќинот и организатор на турнирот успеа да дојде до титулата, откако во финалето беше подобар од екипата на Весна Пробиштип со максимални 3:0 (25:15, 25:22, 26:24).

Кадетите на Струмица покажаа дека оваа година го имаат најквалитетниот состав во оваа генерација, но одличен квалитет демонстрираа и преостанатите учесници на завршниот турнир, како финалистот Весна Пробиштип.

Во малото финале и битката за 3. место, екипата на Штип УГД со максимални 3:0 (25:22, 25:15, 28:26) го совлада скопски Работнички и на крајот се закити со бронзените медали.

КАДЕТСКО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА

ФИНАЛЕН ТУРНИР – СТРУМИЦА

ФИНАЛЕ:

*Струмица – Весна Пробиштип 3:0 (25:15, 25:22, 26:24)

МЕЧ ЗА 4. МЕСТО:

*Штип УГД – Работнички 3:0 (25:22, 25:15, 28:26)