strumica denes logo

ЈАНКОВ: СИТЕ СЛУЖБИ СЕ НА ТЕРЕН ПО СИЛНОТО НЕВРЕМЕ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јули 21, 2026

Автор:

Датум:

јули 21, 2026

По силното невреме што ја зафати Струмица, сите надлежни служби координирано се вклучија во расчистувањето и санирањето на последиците, информираше градоначалникот Петар Јанков.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Екипите на ЈПКД „Комуналец“ отстраниле паднати дрвја, гранки, наноси и други пречки од улиците и јавните површини, а продолжуваат и активностите за санација на причинетите штети.

Територијалната противпожарна единица интервенирала на повеќе локации во Струмица и во околните општини. Екипите на ЕВН ги отстраниле дефектите, по што снабдувањето со електрична енергија во Банско и Куклиш било нормализирано.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според Јанков, надлежните служби ќе останат на терен сè до целосно нормализирање на состојбата.