По извршеното тестирање од страна на Центарот за јавно здравје – Струмица, е утврдено дека во населените места Белотино и Рич водата не е исправна за пиење.
Во Белотино примерокот на вода е земена од чешмата во црквата, а во Рич од чешмата во центарот на селото и двете објекти од водоводната мрежа. Врз основа на микробиолошкиот и физичко – хемиски лабораториски наод, а согласно Правилникот за безбедноста на водата, испитаните примероци на водата не се здравствено исправни поради контаминација со бактерии – индикатори на фекалано загадување и во двете населени места.
По пристигнатите анализи, вработени лица во Одделението за заштита на животната средина во општина Струмица поставија Известување дека водата не е здравствено исправна и истото важи до добивање на негативни резултати од земени мостри на водата за пиење.





















